Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хоселу за триумфот во ЛШ: Дел од соиграчите веќе не се ни радуваат на трофејот

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид освои уште еден трофеј во Лигата на шампионите, а за фудбалер како Хоселу ова е прв трофеј од најелитното европско фудбалско натпреварување.

Напаѓачот имаше важна улога во полуфиналето со Баерн Минхен, па иако не доби шанса во финалето, на крајот бил расположен за славење со колегите.

Хоселу го коментирал големиот успех, но и однесувањето на дел од поискусните и потрофејни колеги.

– Мене ова ми е прв трофеј во Лигата на шампионите, додека дел од моите соиграчи веќе не се ни радуваат на него.

– Немаше подобар начин да ја завршиме сезоната, мечтаев за ваков успех уште денот кога дојдов во Реал, – рекол Хоселу, чија иднина во Реал е неизвесна поради доаѓањето на неколку атрактивни и веќе договорени засилувања во нападот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни