Поврзете се со нас

Мото ГП

Џиџи Дал’Иња: Дукати ќе ја има најдобрата возачка двојка во историјата

Објавено

на

Photo credit: Ducati Media House
Photo credit: Ducati Media House

Генералниот директор на Дукати, Луиџи Дал’Иња, призна дека не било лесно да донесе одлука за ангажирањето на втор возач покрај Франческо „Пеко“ Бањаја.

Лани таму беше промовиран Ениа Бастијанини, но тој започна со повреда и го пропушти најголемиот дел од сезоната, а во седумте трки од оваа сезона не ги импресионираше доволно првите луѓе на фабриката од Борго Панигале, кои се двоумеа меѓу Хорхе Мартин и Марк Маркез.

На крајот, превагна славното минато на Маркез, па Дукати за прв пат во историјата ќе има двајца светски прваци во својот тим.

Од своја страна, првиот чоевк на Дукати смета дека со Маркез и Бањаја, италијанскиот тим ќе ја има најдобрата возачка двојка во историјата.

– Го избравме Марк и сега ќе имаме двајца шампиони, а со тоа шансите за успех ни се поголеми. Ова беше комплицирана одлука, како од спортска, така и од човечка гледна точка. Сепак, уверени сме дека го имаме најдобриот тим во историјата на Дукати. Нашиот мотор достигна неверојатно ниво, па двајца шампиони во фабрички тим е нешто што ги зголемува шансите за нова титула, а тоа е нашата цел. Во трките сѐ е можно, но кога го имаш најдобрите двајца во борба за шампионската титула, тоа е најдоброто нешто,- вели италијанскиот инженер.

Според неговите изјави во медиумите, Дукати се обидел да го задржи Мартин нудејќи му услови според неговите барања, но тие напори биле безуспешни. Хорхе Мартин со 171 поен останува прв во генералниот пласман по седум трки, а Бањаја следува на второто место со 153 поени. Марк Маркез е на третото место со 136 бода.  За оваа година, предвидено е да се одржат 20 трки.

Маркез и Бањаја досега во повеќе наврати се имаат „закачено“ на патеката, па останува да се следи ситуацијата и да се види колку нивното ривалство ќе донесе нови ситуации на патеката, кои можат „скапо да го чинат“ Дукати или пак, да му ја олеснат задачата во одбраната на тронот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни