Поврзете се со нас

Англија

Менаџерот на Јунајтед искрен: Тен Хаг смета дека Рашфорд оправдано остана без ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Герет Саутгејт можеби ја имаше и најтешката задача во увертирата за Европското првенство, бидејќи тој беше човекот кој мораше да им каже „НЕ“ на многу познати и звучни имиња.

Англискиот селектор ги изостави од списокот Џек Грилиш, Џејмс Мадисон и Маркус Рашфорд, а говорејќи искрено за својот играч од Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг призна дека го разбира изборот на Саутгејт.

Рашфорд имаше разочарувачка сезона и не личеше на фудбалерот кој пред една година беше лидер во нападот на Јунајтед, па таквиот тренд придонесе да остане без повик за најважниот летен настан во Европа.

– Грилиш и Рашфорд беа фудбалски отсустни оваа сезона и не беа на посакуваното ниво…….

– Кога еден таков голем играч нема а биде на ниво, голем е ризикот да не бидете избран од земјата која ја претставувате, – изјавил Тен Хаг во интервјуто за „НОС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни