Поврзете се со нас

Шпанија

Реал планира да ангажира голем аргентински талент

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид веќе го доби потписот на Килијан Мбапе и ќе добие сериозно засилување за следната сезона, но тоа не значи дека раководството не е активно и во однос на преговори со други фудбалери.

„АС“ тврди дека претставници на шпанскиот и европски првак имаат чести и конкретни преговори со агентите на голем аргентински талент и планираат да го обезбедат неговиот потпис уште ова лето.

Се работи за 16-годишниот Франко Мастантуоно, кој е член на Ривер Плата и со своите игри го привлекол вниманието на шпанскиот великан.

Реал смета дека Мастантуоно поседува голем потенцијал и може да се развие во иден првотимец на „кралскиот клуб“, но преговорите нема да бидат едноставни, бидејќи ситуацијата ја следат и ривалите, вклучувајќи ја Барселона.

Тренерот Карло Анчелоти во новата сезона ќе смета на еден голем јужноамерикански талент, откако Ендрик ќе го засили Реал, завршувајќи ја својата досегашна етапа во редовите на Палмеираш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни