Поврзете се со нас

Велосипедизам

Погачар победи на Џиро Д’Италија со предност каква што не е видена шест децении

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/giroditalia

Тадеј Погачар го освои годинешното издание на велосипедската трка Џиро Д’Италија, која денеска заврши со последната етапа во престолнината Рим.

Словенецот првпат учествуваше на трката низ Италија и успеа да ги победи ривалите во својот дебитантски настап, со што ја зголеми колекцијата престижни трофеи во својата кариера.

Погачар победи на 6 од 21 етапа и издоминира во однос на конкуренцијата, освојувајќи го првото место со предност од речиси десет минути во однос на второпласираниот Даниел Мартинез од Колумбија.

Третото место во генералниот пласман го освои Британецот Џерент Томас, а разликата која Погачар ја оствари во однос на второпласираниот ривал е најголема на оваа трка уште од 1965 година.

Словенецот веќе има два триумфа на Тур Д Франс, па со атакот на нов трофеј во Франција ќе се обиде да стане прв велосипедист по Марко Пантани, кој во 1998 година ги освои двете престижни трки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни