Поврзете се со нас

Македонија

Танкоски потпиша за „црвено-црните“: Се радувам на моето доаѓање во Вардар…

Објавено

на

foto:twitter.com/SEHALeague

Поранешниот македонски шампион Вардар 1961 продолжува да влезе потези на пазарот и да ја составува екипата за натпреварувачката 2024/2025.

„Црвено-црните“ денеска го официјализираа најновото засилување кое е добро познато на македонската јавност-тоа е повремениот репрезентативец, средниот бек Марио Танкоски.

Тој во изминативе четири години беше дел од Еурофарм Пелистер, па сега од Битола одново се враќа во Скопје со оглед на тоа што претходно беше дел од Металург.

-Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони, -порача Марио кој ќе биде дел од двократниот европски шампион во наредните две сезони.

Вардар претходно ги официјализираше трансферите на Младен Крсманчиќ, Томче Стојановски, Мигел Пинто, Ашреф Мергали и Дмитро Горига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни