Поврзете се со нас

Македонија

Јакимовски: Најтешко ми паѓа за националниот тим, ќе инсистирам во ноември да играм за Македонија

Објавено

на

Андреј Јакимовски е еден од нашите најдобри играчи од новата генерација, играч кој веќе некое време е во Соединетите Американски Држави каде беше дел од Вашингтон Стејт Универзитетот со тоа што во новата година како „сениор“ ќе ја одработи како играч на Универзитетот Колорадо Болдер.

Јакимовски учи од овие искуство и се надева дека истите ќе му помогнат да ја унапредат неговата игра.

-Нема ништо, би го нарекол, спорно. Факт е дека менаџментот на НЦАА лигата одлучи дека онаа сезона, односно она време на короната не влегува во оној свовиден ‘студентски стаж’ на играчите кои биле дел од натпреварувањето, И дава можност, која јас ја користам во овј момент, да го продолжам својот престој во САД, како некоја ‘петта година’, пак ќе кажам сето тоа треба да се гледа условно.

-Не беше баш лесна раздлебата со Вашингтон Стејт, екипата, односно средината во која играчки ‘пораснав’. Четири незаборавни години кои ми донесоа апсолутно многу работи во животот, поголем дел корисни за понатамошниот тек на кариерата, во секој случај. Повикот на Колорадо го прифаќам од причина што навистина сакам да ја унапредам својата игра на уште едно повисоко ниво, и максимално подготвен да го дочекам наредното лето во кое предизвикот ми е да се пробам, да се појавам на НБА драфтот. Тренерот Бојл добо ме познава, знае што може да очекува од мене, макар што во изминатите неколку сезони бевме лути ривали на теренот. И тоа треба да е некоја ‘олеснителна околност’ во онаа аклиматизација на новата средина.

-Да, кратко е времето кое ќе го поминам со своето семејство. Затоа што веќе во петок, летам назад за Америка. Ме чекаат осум недели напорна работа во оние летни ‘воркаути’, сакам да бидам подобар од што сум сега. Да ја унапредам својата игра, во секој поглед. Мојот нов тим изгледаше сосема добро и оваа сезона, кога во 1/16 финалето загубија од Универзитетот Маркет. Има своја историја, се надевам дека ќе биде збогатена со моето присуство во наредната година, -вели Андреј кој порача дека ќе направи се што може да и биде на располагање на македонската селекција во месец ноември.

-Тоа некако најтешко ми паѓа. Секојпат кога се собирите на националниот тим, без оглед на тоа дали во февруари или во ноември, ми доаѓаат некои слики во кои се гледам себеси како сум дел од тимот. А сепак сум толку далеку, илјадници километри. Она што можам да го кажам, да го ветам во овој момент е дека јас сум секогаш тука, на располагање. И во моите први контакти со новиот тренер, со менаџерскиот тим, го потенцирав тој момент, секогаш, доколку е тоа можно, да бидам со своите соиграчи од репрезентацијата, макар и на една недела. Онаа во која се играат натпреварите од ФИБА ‘прозорите’. И се надевам дека овојпат ќе наидам на разбирање кај сите во мојот нов тим, и дека веќе во ноември ќе бидам тука за наредните репрезентативни предизвици. А пред нас е токму еден таков, голем, сериозен, двата квалификациски натпревари против репрезентацијата на Литванија, -порачува Јакимовски за официјалната страна на кошаркарската федерација на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни