Поврзете се со нас

Балкан

Хајдук ангажира тренер кој досега работеше во Серија А

Објавено

на

Foto:twitter.com/TorinoFC_1906

Раководството на Хајдук планира да направи сериозни промени во тимот во пресрет на новата сезона, а едно од најважните прашања е ангажирањето нов тренер.

Хрватските медиуми денеска објавија дека новиот директор Никола Калиниќ, успеал да го убеди сонародникот Иван Јуриќ да се врати во својата земја и да ги води сплитските „били“.

Темпераментниот тренер наводно веќе ја прифатил понудата, па останува да се прецизираат уште одредени детали пред неговата официјална промоција.

Јуриќ неколку години наназад успешно работеше во Серија А, а последните сезони го водеше Торино, екипа која сезоната 2023/24 ја заврши во првиот дел од табелата.

Реномираниот стручњак настапуваше како фудбалер за Хајдук меѓу 1993 и 1997 година и јасно е дека има цврста конекција со овој клуб, па веројатно и тоа влијаело да прифати да му помогне на клубот кој никако не може да ја прекине доминацијата на Динамо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни