Поврзете се со нас

Балкан

Трагедија во Црна Гора: Пред неколку дена воодушеви против Белгија, рано утрово починал во својот апартман!

Објавено

на

Foto: facebook.com/ Fudbalski savez Crne Gore

Репрезентацијата на Црна Гора фати нов фудбалски правец со Роберт Просинечки како нов селекторр, а една од промените беше и онаа на голманската позиција.

Матија Шаркиќ доби шанса и посебно воодушеви на мечот со Белгија кој се одигра пред точно десет дена, но неполни две седмици подоцна, медиумите од Црна Гора рано утрово испорачаа трагична вест која ја зави во црно цела спортска јавност.

26-годишниот чувар на мрежата требаше да биде идниот прв голман на Црна Гора, но наместо да дочека славни моменти, испадна дека натпреварот против Белгија му е последен во кариерата.

Шаркиќ починал рано утрово во својот апартман во Будва, откако најпрво му се слошило во 6:30 часот наутро, пред да биде префрлен во болница кадешто била констатирана смрт.

Медиумите од Црна Гора ја задржуваат приватноста и засега не откриваат детали за смртта, но јасно е дека оваа вест брзо се рашири како исклучително трагична на цел Балкан.

Шаркиќ интернационалната кариера ја почна во Андерлехт, играл и за Виган, Астон Вила, Ливингстон и Бирмингем, а последно беше голман на Милвол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни