Македонија
Вуков „се коцкаше“ во Монако, но ќари само две позиции!

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков го комплетираше настапот во Монте Карло, возејќи ја втората трка од сезоната во Порше Суперкуп, каде што се натпреварува втора година по ред.
На крајот од трката низ улиците на кнежевството која беше мошне монотона и повлијаена од стартниот поредок во квалификациите, тој стигна до 18 место, откако стартуваше од 20 место. Во трката која се возеше како дел од програмата пред Ф1 спектаклот имаше вкупно 24 возачи во највисокото светско ниво на ова натпреварување.
Споредувајќи со минатата година, оваа трка имаше побрзо темпо и во неа Вуков возеше најбрз круг од 1:35.297 или скоро 3,5 секунди побрзо (1:38.675 во 2023). Компаративно гледано, првите двајца лани имаа времиња од 1:34.4, а сега истите возачи беа половина секунда побрзи со времиња од 1:33.9 што укажува дека имало подобро услови за возење и дека конструкциите еволуирале.
– Минатата година имав тежок старт бидејќи се откажа трката во Имола поради поплавите во Емилија Ромања, а во Монако го оштетив возилото со преголема желба да се докажам. Тоа ми беше лекција и оваа година бев многу повнимателен на тренинзите и квалификациите, односно се обидов да го дадам најдоброто од себе во трката. Морам да признаам дека со инженерите се одлучивме „да се коцкаме“ и да преземеме извесни ризици при штелувањето, кои на крајот не ни се исплатеа. Имено, отидовме еден чекор поагресивно при тунирањето, очекувајќи дека е можно да има излетувања и прекин, односно излегување на возило за безбедност. Тоа не се случи, па во последната третина од трката веќе ми беа истрошени пневматиците и немав шанса за напредок во финишот. Задоволство ми е да видам дека сум бил 3,5 секунди побрз во најбрзиот круг во трка, но сепак свесен сум дека имам уште простор за напредок и тоа е она што ме мотивира.
Третата од предвидените 8 трки во календарот ќе се вози на 30 јуни, во Австрија, а пред тоа Вуков планира најмалку две тестирања со својот тим Омбра од Италија.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…
-
АТП11 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)