Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Задоволен сум од прикажаното по направените корекции

Објавено

на

Благоја Милевски беше очигледно незадоволен од судијата Микал Оченаш и имаше што да му порача по крајот на натпреварот, но сепак македонскиот селектор покажа доблест и му подаде рака на арбитарот од Словачка.

Оченаш го фаворизираше домашниот тим во текот на целиот натпевар и досуди два пенали за Чесите во победата од 2:1, од кој оној вториот длабоко во судиското продолжение.

Судиските одлуки и контроверзи фрлија црна дамка на денешниот контролен меч во Храдец Кралове, но Милевски во обраќањето по мечот беше повеќе фокусиран на реакцијата која ја имаше неговиот тим, отколку на спорните потези на луѓето во жолта маичка.

– Сакам да им честитам на моите момци, особено за одиграното во второто полувреме. Направивме корекции на паузата, бидејќи во првото полувреме не игравме како што треба. Жалам што почнавме да играме похрабро откако примивме гол, ни недостасува самодоверба со топката во нозе. Уште пред натпреварот најавив дека мечот со Чешка ќе биде поразличен од оној со Хрватска. Чесите се фокусираат на наттрчување и физичка сила, тоа беше она на што моравме да одговориме. Задоволен сум како одговоривме во најголем дел од мечот, но требаше да бидеме и похрабри кога ја имавме топката во нозе, – изјави Милевски, кој не сакаше да навлага со коментари за судиските одлуки.

– Немам коментар за пеналите и денешната арбитража. Тоа е работа за луѓето во ВАР и за оние кои ја делат правдата на теренот, немам што да додадам на оваа тема, – нагласи Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни