Поврзете се со нас

Лига Европа

Чаби по болниот пораз во финалето: Не загубивме поради тактика…..

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо го дочека првиот пораз во сезоната на најсуров можен начин, бидејќи Аталанта целосно го разби неговиот Баер Леверкузен во големото финале во Лига Европа.

По точно 51 натпревар без неуспех, Леверкузен за првпат ја почувствува горчината на поразот и остана на дофат на европски трофеј, но избраниците на Чаби Алонсо немаат многу време за жалење, бидејќи за три дена ги чека ново финале, она во гермаскиот Куп против Кајзерслаутерн.

– Не планиравме да имаме толку лош ден, но Аталанта не принуди на тоа. Ова не беше наша вечер, едноставно мора да му се честита на ривалот. Ние не бевме на нашето ниво, почнувајќи од мене, па сите останати.

– Не успеавме да реализираме некои работи за кои се договоривме пред мечот, Аталанта е тим кој бара многу внимание. Тие играат физички фудбал, нудат ситуации еден на еден и има многу дуели. Едноставно не беше судено да победиме на овој меч.

– Непобедливата низа дојде до својот крај, но треба да останеме горди на неа. Аталанта заслужено го освои трофејот и можеме само да им честитаме, какошто и веќе го направивме тоа. Индивидуално беа подобри на теренот, но и тимски. Не се работеше за тактика во овој меч, едноставно имаа подобра енергија и тоа е тоа. Треба да научиме од овој пораз, но секако дека посебно боли што доаѓа во финале. Како и да е, не смееме да очајуваме, бидејќи за три дена не чека ново финале во Купот и мора да извлечеме поука од овој тежок пораз, – изјави Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни