Поврзете се со нас

Свет

Костески со ефикасна партија ја заврши сезоната во Плзен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Талент Плзен на Никола Костески не успеа да ја одбрани титулата во шампионатот на Чешка каде на тронот се искачи составот на Карвина.

Карвина славеше со 3-1 во финалната серија со тоа што последниот меч го реализираше со 35:27. Домашните ракометари имаат повеќе енергија особено во вториот 30 минути каде водени од навивачите ја направија клучната предност и го добија натпреварот, а на тој начин и грабнаа титулата за натпреварувачката 2023/2024.

Македонскиот репрезентативец Костески повторно беше најдобар, најефикасен играч кај гостите со седум голови.

Кај победникот Нантл беше лидер со осум реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни