Поврзете се со нас

Италија

Тео ги загрижи фановите на „росонерите“: Ќе видиме дали ќе останам во Милан

Објавено

на

foto: twitter.com/acmilan

Француската репрезентација се подготвува за својот прв настап на ЕП во Германија, а на прес-конференцијата на која учествувал Тео Ернандес, се наметнала и друга тема поврзана со иднината на фудбалерот.

Францускиот репрезентативец не сакал премногу да зборува за својата иднина, но од него била побарана реакција за изјавата на Златан Ибрахимовиќ дека дефинитивно останува во Милан и следната сезона.

– Сега сум фокусиран на ЕП, ќе видиме дали ќе останам во Милан или не.

– Засега не сакам многу да размислувам на таа тема или мое враќање во Шпанија, – рекол Тео.

Ернандес дојде во Милан во 2019 година во трансфер реализиран од страна на Паоло Малдини, а прашање е дали ќе побара трансфер во рамките на овој преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни