Поврзете се со нас

Европски првенства

Невил: Англија има проблем и не гледам како би го освоила ова ЕП

Објавено

на

Англија денес го започнува настапот на ЕП со натпреварот против Србија, а Гери Невил е далеку од убеден дека неговата земја може да биде нов европски шампион.

Англичаните на претходното издание беа многу блиску до трофејот, но загубија во финалето, а Невил смета дека Герет Саутгејт тешко ќе го испорача посакуваниот резултат со актуелната одбрана со која располага.

– Слушам дека младиот Гуеи ќе биде во стартната постава покрај Џон Стоунс. Тоа е голема можност за него, но ако размислуваме за турнирот како целина, дефанзивно треба да покажете постојаност и квалитет од почеток до крај.

– Тоа е најголемата грижа за ова ЕП според мене. Не можам да видам како ќе стигнеме до крајот со оваа дефанзивна четворка, освен Саутгејт направи нешто што ќе го компензира хендикепот.

– За да успеат да ги испорачаат потребните резултати, сите во одбраната треба да ги играат најдобрите натпревари во кариерата на секој дуел на ова ЕП, а не гледам дека такво нешто може да се случи, – рекол Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни