Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти му испрати порака на Крос: Чекаме да се премисли

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти не го криеше задоволството по вчерашниот триумф на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, а единственото за што може да жали е што дуелот на „Вембли“ беше последен за Тони Крос.

Германецот реши да се пензионира иако игра во одлична форма, а тренерот на Реал како да не ја загубил надежта за промена на одлуката и му испратил порака на својот играч за врска.

– Навистина сум му благодарен на Крос, ја завршува кариерата на високо ниво, не постои начин да завршите на подобро ниво од ова.

– Сите фанови му се благодарни за однесувањето и професионализмот. Јас веќе му реков дека чекаме да се премисли, те чекаме Тони, – порачал Анчелоти по финалето.

Крос се повлекува со шест трофеи во Лигата на шампионите, а последните настапи ќе му бидат на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни