Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски направи една принудна измена во стартниот тим за мечот со Чешка (Фото)

Објавено

на

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација одигра потпросечен натпревар против Хрватска и остави доста лоша слика за себе на теренот, па иако селекторот Благоја Милевски истакна дека не е задоволен од прикажаното, денес сепак покажа дека ќе им даде нова шанса на најголем дел од истите стартери.

Македонскиот селектор направи само една измена во почетните 11 за денешниот меч кој го играме со Чешка за еден час отсега, а тоа е поради повреда на првиот напаѓач.

Бојан Миовски се пожали на повреда во зглобот и поради тоа нема да конкурира на мечот кој се игра во Храдел Кралове во 18:00 часот, па во таква ситуација, место во стартниот тим доби Костадинов.

Останатите 10 фудбалери се истите оние кои истрчаа во Ријека, па сега останува да видиме дали ќе се покажат во далеку подобро светло како што самите најавуваа изминативе неколку дена.

ДИМИТРИЕВСКИ, ЗАЈКОВ, ВЕЛКОВСКИ, МУСЛИУ, АШКОВСКИ, АЛИОСКИ, КОСТАДИНОВ, АЛИМИ, АТАНАСОВ, ТРАЈКОВСКИ, ЕЛМАС.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни