Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските одбојкари безбедно слетаа во Скопје по хорор-сценариото над небото во Швајцарија (Фото)

Објавено

на

Македонските одбојкари на драматичен начин загубија од Белгија во Беверен, но уште подраматично било вчера над небото во Швајцарија, кога поради несекојдневни причини, авионот во кој била нашата експедиција морал да се врати во Цирих.

Пилотот на авионот решил да го призејми леталото откако ги удрило гром при полетувањето, па нашите најдобри одбојкари мораа да минат една ноќ Цирих.

За среќа, вториот лет се покажа како успешен и македонскиот тим ова попладне безбедно слета на македонско тло, па од скопскиот аеродром пристигна и интересна порака.

– По вчерашните проблеми на летот Цирих-Скопје, македонските одбојкари се вратија дома. Посилни од громовите. Следното патување е за само 38 часа, одиме во Хрватска. ‼️Напред МАКЕДОНИЈА‼️.

Најдобрите македонски одбојкари ќе и гостуваат на Хрватска во рамките на Европската Златна лига, натпревар на кој ќе бркаме втора победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни