Поврзете се со нас

Светски првенства

Не можеше подобро: Македонија доби група по мерка и ќе го почне СП во Хрватска!

Објавено

на

Оваа вечер Загреб беше домаќин на ждрепката за Светското ракометно првенство кое ќе се игра следната година во Хрватска, Норвешка и Данска, а мора да се признае дека Македонија мина многу добро на извлекувањето.

Ждрепката беше полудиригирана бидејќи однапред беа одредени селекциите кои ќе бидат носители во групите, па откако Хрватска како домаќин не избра да бидеме дел од турнирите во оваа земја, сепак добивме шанса да настапуваме блиску до нашата земја преку ждрепката која ја извршија одговорните лица на ИХФ.

Првата фаза од елитното натпреварување ќе ја играме во Вараждин, па тоа е гаранција дека голем број македонски фанови ќе отпатуваат во Хрватска и ќе ја бодат најсилната репрезентација на стартот на 2025-та година.

За да биде уште подобро, групата која ја добивме исто така е по мерка, бидејќи фаворит во групата е Унгарија која е далеку од деновите кога имаше најдобра генерација, како и Гвинеја и Холандија.

Гвинеја ќе биде дебитант на едно Светско првенство, а ако се знае дека три селекции од секоја група патуваат во следната фаза, јасно е дека имаме големи шанси за такво нешто.

ГРУПА А (Хернинг): Германија, Чешка, Полска, Швајцарија

ГРУПА Б (Хернинг): Данска, Италија, Алжир, Тунис

ГРУПА Ц (Пореч): Франција, Австрија, Катар, Кувајт

ГРУПА Д (Вараждин): Унгарија, Холандија, Македонија, Гвинеја

ГРУПА Е (Осло): Норвешка, Португалија, Бразил, САД

ГРУПА Ф (Осло): Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле

ГРУПА Г (Загреб): Словенија, Исланд, Куба,Зеленортски Острови

ГРУПА Х (Загреб): Хрватска, Египет, Агентина, Бахреин

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни