Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти за играчот кој се двоуми дали да остане во Реал: Го прашав дали е луд…… (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти стана единствениот тренер кој пет пати во кариерата ја освои титулата во Лигата на шампионите, а онаа освоена вчера му беше трета како предводник на Реал Мадрид.

Дон Карло беше тој кој ја донесе толку очекуваната „Ла Десима“ пред десет години, но само една деценија подоцна, Реал има неверојатни 15 титули во најелитното натпреварување и Италијанецот придодаде уште два трофеи во своите витрини.

Анчелоти е свесен дека секоја нова титула во Реал е потстрек да се одбрани истата веќе наредната година, во која дефинитивно ќе има голем предизвик да го замени Тони Крос, а можеби и Начо кој се уште размислува дали да ја прифати понудата од „кралевите“, или да стави крај на својата авантура на „Бернабеу“.

– По крајот на мечот, на Начо му порачав дека го чекаме. Да бидам искрен, не знам што чека. Го прашав дали е луд, или што е работата…..

– Ми рече дека мора да размисли уште малку, а јас му реков да размисли добро. Имам надеж дека може да остане со нас и по крајот на оваа сезона, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни