Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го отпушти и тренерот на кошаркарскиот тим

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Актуелново лето Барселона ќе добие нови тренери на двете најпопуларни спортски секции, а покрај Чави, каталонскиот клуб го напушта и Рожер Гримау.

Кошаркарската секција на Каталонците денеска соопшти дека ја завршува соработката со Гримау по само една сезона, со што тренерот заминува една година пред истекувањето на неговиот досегашен договор.

Гримау ја водеше Барса на 84 натпревари на неколку фронта, обезбеди 51 победа, но не и трофеј за екипата која не стигна до фајнл-фор турнирот на Евролигата и доживеа елиминација во полуфиналето на шпанскиот плејоф од Реал Мадрид.

Досегашниот тренер водеше екипи од различни категории на Барса седум сезони наназад, а е и поранешен играч на шпанскиот великан.

Најголем фаворит да го наследи Гримау е Чави Пасквал, кој веќе ја освои Евролигата со Барса во 2010 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни