Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Сакам да играм финале со него на Вимблдон

Објавено

на

foto: x.com/carlosalcaraz

Карлос Алкарас дојде до првиот трофеј на Ролан Гарос или вкупно трети за него кога се во прашање успесите на грен слем сцената.

Меѓутоа нема време за славје, опуштање затоа што сега следи нов предизвик и тоа турнирот на кој ќе ја брани титулата од минатата сезона-тоа е Вимблдон.

Овој настан е закажан за периодот од 1. до 14 јули, а Шпанецот веќе има фаворит, ривал со кој би сакал да се соочи во завршниот меч-Јаник Синер кој сега го има статусот на најдобар светски тенисер.

-Ако сакате да освоите грен слем, треба да ги победите најдобрите. Би сакал повторно да играм против Синер, но овој пат во големото финале, -порачува Карлос кој го спомена тренерот Хуан Карлос Фереро.

-Понекогаш не знам што да правам на теренот. Во тие ситуации секогаш го слушам Ферер. Би сакал тој да биде со мене до крајот на кариерата, -подвлече вториот текет на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни