Поврзете се со нас

Македонија

Стојчевиќ прво засилување, Василевски потпиша нов договор со Пролет

Објавено

на

foto: www.rkprolet.mk/

Тинекс Пролет тргна да го составува тимот за новата сезона, а прво засилување е Стефан Стојчевиќ.

Се работи за кружен напаѓач кој доаѓа од редовите на Алкалоид и кој ќе треба да биде од голема помош на двете страни на теренот по заминувањата на Арсеновски и Крстевски. Стефан со новиот клуб потпиша двегодишен договор.

Воедно македонскиот прволигаш ја информираше јавноста дека соработката е продолжена со искусниот лев бек, Александар Василевски.

Василевски имаше значајни партии за Пролет, беше прв стрелец на неколку овосезонски натпревари и неговото останување е добра вест за тренерот Александар Јовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни