Поврзете се со нас

ВТА

Српска тенисерка емотивно ја прослави победата по големиот пресврт на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/danilovicolga

Олга Даниловиќ го направи својот најголем успех на Ролан Гарос, пласирајќи се во осминафиналето на престижниот грен-слем турнир.

Српската тенисерка преку квалификациите дојде до оваа рунда и лошо го започна мечот со Дона Векиќ, во кој ривалката го доби првиот сет со 6:0.

Но, ќерката на славниот кошаркар Саша Даниловиќ, не само што не се откажа, туку го доби вториот сет со 7:5, а извлече и тај-брејк во решавачката етапа.

Хрватката не ги искористи своите шанси, па и високата предност во тај-брејкот, па на крајот Даниловиќ го доби со 10:8 за место во осминафиналето. Победничката со посебни емоции ја прослави победата и не можеше да го сокрие солзите на теренот, па видеото веднаш стана вирално меѓу тениските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни