Поврзете се со нас

Свет

Давид Дејвис ќе го води амбициозниот тим на Динамо Букурешт

Објавено

на

Поранениот тренер на Вардар, Давид Дејвис Камара е назначен за нов предводник на амбициозниот состав на Динамо Букурешт.

Клубот од романската престолнина остана без Чави Пасквал кој го прифати повикот од Веспрем, па Динамо се активираше на пазарот и успеа да пронајде заеднички јазик со шпанскиот стручњак.

-Воодушевен сум и среќен што му се приклучувам на тимот на Динамо. За мене е чест што ја преземам палката од Чави Пасквал и ќе дадам се од себе да се борам заедно и секој ден за највисоките цели. Ништо не може да биде повозбудливо од тоа да бидам назад во Европа, едвај чекам да почнам со работа, -порача Дејвис кој потпиша двегодишен договор.

Давид беше асистент на Раул Гонзалес кога Вардар ја освои првата европска титула, тој потоа го водеше и женскиот тим на „црвено-црните“, беше во стручниот штаб на руската репрезентација, но и селектор на Египет, плус работеше во Ал Ахли и Веспрем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни