Поврзете се со нас

Свет

Тимски колега на Роси излета од патеката, разочарувачко деби за Валентино на „24 часа Ле Ман“ (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/valeyellow46

Валентино Роси реши да дебитира на легендарната трка „24 часа Ле Ман“, но неговиот прв обид да стигне до подиумот заврши неуспешно.

Легендарниот италијански мотоциклист изјави дека отсекогаш сакал да се натпреварува во Ле Ман, па годинава реши да си го оствари својот сон со тимот „WRT“, кој се натпреваруваше во ЛМГТ3 категоријата.

Но, сонот на Роси траеше кратко, затоа што неговиот тимски колега Ахмад Ал Харти, кој го презема управувањето токму од Италијанецот на петтата позиција, во текот на ноќта излетал од патеката и не успеал да го врати автомобилот во трка.

Оштетувањата на автомобилот биле големи за да се санираат навреме, а таквиот епилог значеше крај на трката за тимот на Роси, во кој покрај него и Ал Харти, возеше и Белгиецот Максим Мартин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни