Поврзете се со нас

Франција

Екс француски селектор за новиот тренер на Марсеј: Де Ѕерби е под нивото на клубот

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Роберто Де Ѕерби беше поврзуван со повеќе европски великани, а на крајот реши да ја прифати понудата на поранешниот француски и европски првак, Олимпик Марсеј.

Италијанскиот стручњак го напушти Брајтон по две сезони и може да биде задоволен од престојот во Премиер лигата, но постојат и фудбалски авторитети кои не се премногу воодушевени од неговото пристигнување на „Велодром“.

Поранешниот француски селектор, Рејмон Доменек, смета дека Марсеј направил грешка и непотребно го ангажирал Де Ѕерби.

– Постоеше одличен проекто со Абиб Беје и тој беше идеален избор за Марсеј.

– Каде заврши Брајтон последнава сезона во ПЛ? Беше зад сите големи клубови, тие се на нивото на Ремс, тоа е и неговото ниво.

– Не ми пречи тоа што е Италијанец, но Де Ѕерби го напушти Брајтон откако сфати дека неговиот тим ќе заврши на 15-то место следната сезона во Премиер лигата. Не велам дека е лош тренер, – истакнал Доменек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни