Поврзете се со нас

Европски првенства

Барела: Тој нивен гол можеше да не уништи, но…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Италија беше подобра од Албанија со 2-1 и го освои првите три бода во групата Б на Европското првенство.

Албанија го зададе првиот удар, но Италија славеше во Дортмунд (ВИДЕО)

„Аѕурите“ имаат очаен почеток на натпреварот со оглед на тоа што примија гол веќе во 23 секунди, меѓутоа брзо се врати од тој удар, шок и веќе до 16 минута комплето го свртеа резултатот со головите на Бастони и Барела.

Потоа фаворитит имаше уште неколку добри шанси да отиде на плус два, шанси кои не беа реализирани и малку фалеше во судиското продолжение да бидат казнети од Манај.

-Беше малку чуден почеток, воведниот гол по 23 секунди може навистина психолошки да ги повреди играчите. Сепак, ја сакавме оваа победа, требаше да постигнеме повеќе голови, малку паднавме на крајот, но со оваа победа тргнавме со вистинска нога, -порача Барела кој со 10 гола е прв стрелец во овој италијански состав.

-Тоа е малку загрижувачки, бидејќи само значи дека стареам и играм повеќе натпревари, -рече ѕвездата на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни