Поврзете се со нас

АТП

Надал објасни зошто ќе игра во Шведска, наместо на Вимблдон (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал го донесе во прашање своето учество на Вимблдон веднаш по раната елиминација на Ролан Гарос, а ова попладне само ја потврди својата првична идеја.

Шпанскиот тенисер се огласи преку социјалните мрежи и ги потврди шпекулациите на шпанските медиуми, кои рано утрово пренесоа дека Рафа и дефинитивно нема да настапи на отвореното тениско првенство во Лондон.

Со оглед на тоа што можеби станува збор за негова проштална сезона во кариерата, Надал најверојатно нема да има шанса да се збогува со навивачите во Ол Ингланд клубот, пред се поради тоа што примарна цел му остануваат Олимписките игри во Париз кој се на програмата од 27-ми јули.

– На пресот кој го одржав на Ролан Гарос, бев запрашан за мојот летен календар и од тој ден тренирам на земја. Вчера беше официјално потврдено дека ќе играм на Олимпијадата, што ќе биде мое последно учество на олимписки турнир. Со таа главна цел, веруваме дека моето тело не е подготвено да менува подлога и дека е најдобро да останам на земја.

– Поради оваа причина, ќе го пропуштам Вимблдон оваа година. Жалам што оваа година нема да ја искусам фантастичната атмосфера и што нема да бидам дел од турнирот кој ми е во срцето.

– За да се подготвам за Олимписките игри, ќе играм на турнирот во Баштад, Шведска. Тоа е турнир на кој играв во раната фаза на кариерата и каде поминав одлично време на теренот и надвор од него. Се гледаме таму, – порача Надал.

Вимблдон започнува на 1-ви јули и ќе трае до 14-ти истиот месец, додека Надал во Баштад ќе го гледаме од 15-ти јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни