Поврзете се со нас

Англија

Северен Лондон завиен во црно: Арсенал ја потврди смртта на легендарниот Кембел (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал на почетокот на овој месец потврди дека легендарниот Кевин Кембел се бори за својот живот во една болница во Англија, а за жал, две седмици подоцна пристигна веста која никој не сакаше да ја слушне.

Поранешниот голгетер на Арсенал и Евертон починал денеска на 54-годишна возраст, откако сериозните здравствени проблеми придонеле да му откажат неколку органи, но и да дојде до телесна тежина од само 55 килограми.

Првично Кембел беше примен во болница поради откажување на бубрезите, но тешката состојба на крај драстично прогресирала, и покрај тоа што поранешниот фудбалер во меѓувреме испраќал позитивни пораки до поранешните соиграчи од Арсенал.

– Уништени сме што дознаваме дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел починал денеска после кратко боледување. Кевин беше сакан и обожаван од сите во клубот. Сите ние мислиме на неговите пријатели и неговото семејство во ова тешко време. Почивај во мир Кевин, – порача Арсенал, клуб со кој Кембел освои четири титули

Покрај матичниот клуб, трагичната вест ја сподели и Евертон, клуб во кој мина навистина убав период од 1999-та до 2005-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни