Поврзете се со нас

Олимписки игри

Пешиќ го објави поширокиот список за Олимписките игри, главна вест е Никола Јокиќ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Српскиот селектор Светислав Пешиќ одлучи да го објави поширокиот список за Олимписките игри во Париз три недели пред првиот собир на „орлите“, а главна вест во Србија експресно стана најголемата кошаркарска ѕвезда од соседството.

Никола Јокиќ е вметнат во списокот од 16 играчи кој дополнително ќе биде скратен пред почетокот на подготовките, но оваа вест многумина ја протолкуваа како конечна кога е во прашање играњето на ѕвездта на Денвер.

Дел од српските медиуми информираат дека Јокиќ лично го информирал Пешиќ да го вметне уште во првиот список, бидејќи наводно негов план е да и се стави на располагање на репрезентацијата, нешто што не беше случај минатото лето.

Поради напорната сезона во НБА и освоената титула, Јокиќ реши да не игра на Светското првенство, но сега атмосферата во Србија е далеку пооптимистичка и очекувано е тој да заигра на олимпискиот турнир во Париз.

Првиот собир српската репрезентација ќе го има на 24-ти јуни во Стара Пазова, а покрај Јокиќ, на истиот треба да се појават Мичиќ, Покушевски, Богдановиќ, Јовиќ, Лучиќ, Гудуриќ, Маринковиќ, Добриќ, Петрушев, Милутинов, Ристиќ, Аврамовиќ, Јарамаз, Давидовац и Плавшиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни