Поврзете се со нас

Англија

Англиските клубови шокирани од страшната вест од Црна Гора (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Wolves

Црногорската јавност рано утрово ја пренесе трагичната вест за ненадејната смрт на Матија Шаркиќ, репрезентативниот голман кој пред само 10 дена брилјираше на пријателскиот натпревар против Белгија.

Младиот 26-годишен чувар на мрежата починал во апартман во Будва од засега непознати причини, но угледните медиуми од Црна Гора информираат дека најверојатно станува збор за срцев застој и природна смрт.

Оваа вест ја зави во црно цела јавност во Црна Гора, меѓутоа голема тага владее и во Англија каде од Шаркиќ се простија сите клубови од кои беше член, вклучувајќи го и Милвол со кој беше под договор.

– Фудбалскиот клуб Милвол е целосно уништен поради смртта на голманот Матија Шаркиќ. Откако пристигна од Вулверхемптон во август 2023-та година, Шаркиќ запиша 33 настапи за „лавовите“…..

– Исто така, во повеќе наврати ја претставуваше својата земја и сите од клубот испраќаме љубов и сочувство до семејството на Матија и неговите пријатели. Клубот нема да дава дополнителни коментари во овој тежок период и апелираме да се почитува приватноста на семејството на Матија, – порачаа од Милвол, клуб кој ја промени насловната фотографија и стави црна позадина во чест на Шаркиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни