Поврзете се со нас

Европски првенства

Модриќ ја посочи главната причина за поразот од Шпанија: Проблемот е во тоа…

Објавено

на

Хрватска доживеа тежок пораз од Шпанија од 3-0 во дербито на денот на 17. Европско првенство што се игра во Германија.

Избраниците на Далиќ имаа свои шанси на соочувањето во Берлин, заслужија да дадат најмалку еден гол, но противникот севкупно беше подобар и заслужено дојде до трите бода.

Еден од играчите кој потфрли беше капитенот Лука Модриќ кој за главна причина за лошиот резултат ја издвои борбеноста, поточно тоа што тие не биле доволно агресивни против „црвената фурија“.

-Денеска ништо не ни одеше, не можевме да постигнеме гол. Имавме шанси, но не бевме вистински, особено прво полувреме. Ни недостигаше агресивност и бевме премногу далеку од противникот. Не се предадовме, бевме подобри во вториот дел, но тоа не беше доволно. Топката не влезе во голот, а тие погодуваа од сите нивни удари. Мора да се прегрупираме и да бидеме подобри, -рече капитенот и додаде:

-Знаеме дека треба да одиме на победи на другите натпревари и тоа според мене не е лошо. Тоа е фудбалот. Понекогаш не го исполнувате она што го замислувате. Тоа е она што е. Имаме уште два натпревари. Мораме да се кренеме и сигурен сум дека ќе ја свртиме ситуацијата во наша полза. Не не изненадија, знаевме дека сакаат посед. Проблемот е што не бевме агресивни и тешко е да се игра против вакви тимови без тоа.

-Бевме поагресивни и побрзи во вториот дел, но повторно не постигнавме гол за да ги направиме нервозни. Тешко ни е, ова не го очекувавме, но мора да се издигнеме. Многупати сме покажале карактер и сигурен сум дека ќе успееме. Да, одиме на три бода против Албанија. Треба да се одмориме и да анализираме за да видиме што можеме подобро. Сигурен сум дека ќе успееме, -подвлече ѕвездата на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни