Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен пазареше од најголемото изненадување во Ла Лига: Чаби доби голем борец за 20 милиони евра (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04_en

Џирона беше најголемо изненадување во шпанската Ла Лига и обезбеди историски пласман во Лигата на шампиони, но веднаш беше јасно дека дел од играчите на Мичел ќе станат многу интересни за доста поголеми клубови ова лето.

Малиот клуб од Каталонија ќе доживее незаборавни моменти во сезоната во која претстои, но дел од новото патешествие нема да биде извонредниот играч за врска, Алеиш Гарсија.

Дефанзивниот играч за врска реши да ја прифати понудата од Чаби Алонсо и атрактивниот проект на Баер Леверкузен, па така денеска се претвори во прво лето засилување за германскиот првак.

„Фармацевтите“ ја исплатија откупната клаузула вредна 20 милиони евра и добија многу дисциплиниран играч во средниот ред, додека Џирона ја доби најголемата заработка од еден свој играч во клупската историја.

– Голем е ентузијазмот кога клуб како Леверкузен ќе направи толку многу за да ве купи. Сега имам уште поголем мотив да ги оправдам очекувањата и да имам значаен придонес во новиот тим, – изјави Алеиш Гарсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни