Поврзете се со нас

Италија

„Росонерите“ не попуштија, Аталанта исплати 22 милиони евра за играчот кој не се снајде во Милан (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта остави зад себе незаборавна сезона во која освои историската титула во Лига Европа, но уште подобра вест за фановите беше тоа што предводник на тимот остана ЏанПјеро Гасперини.

Иако имаше на маса атрактивна понуда од Наполи, Гасперини одлучи да остане верен и да остане во Аталанта, но пред да го направи тоа, доби ветување дека тимот ќе остане конкурентен.

Аталанта ќе игра во Лигата на шампионите наредната сезона и ростерот ќе мора да се засили, но истовремено да се задржат играчите кои беа клучни за успехот во сезоната која измина.

Шарл Де Кетелар се препороди во Аталанта и испадна дека едногодишната позајмица од Милан е полн погодок, па сега клубот од Бергамо ја активираше и откупната клаузула.

Иако во изминатиот период се обиде да издејствува попуст од Милан, Аталанта брзо увиде дека „росонерите“ не се расположени за такви смешни операции, па денеска ја исплати договорената сума од договорот.

Де Кетелар за сума од 22 милиони евра станува перманентен член на Аталанта, а во договорот има дополнителен бонус од 2 милиони евра, како и процент за Милан (10 посто) од следната продажба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни