Свет
Аргентинците го одредија составот за Копа Америка, фудбалер на Монца му го „украде“ местото на Кореја
Аргентина одигра две пријателски средби како подготовка за настапот на Копа Америка, а денеска селекторот Лионел Скалони го потврдил и составот за настап на ова првенство.
Скалони мораше да прецрта тројца фудбалери во однос на составот објавен за пријателските натпревари, а за двајца од тројца фудбалери беше и најавено дека нема да добијат место во составот за Копа Америка.
Валентин Барко од Брајтон и Лео Балерди од Олимпик Марсеј не добиваа шанса на пријателските средби и очекувано се прецртани од Скалони, а мало изненадување е тоа што селекторот се откажа од искусниот Анхел Кореја.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид го загуби местото во националниот тим во конкуренција на 19-годишниот Валентин Карбони, кој настапува за Монца и кој успеал да се наметне кај Скалони изминатиов период.
Настапот за Аргентина на Копа Америка започнува со дуел со Канада на 20. јуни.
🚨🚨 BREAKING: ARGENTINA COPA AMERICA 2024 SQUAD! 🇦🇷🏆 pic.twitter.com/7AsmHPW8BD
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) June 15, 2024
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!