Поврзете се со нас

АТП

Ивановски реши непријатен проблем со оперативен зафат: Ќе се вратам посилен (Фото)

Објавено

на

Калин Ивановски и Новак Ѓоковиќ заедно се подготвуваа за новата сезона, а сега субината посака во исто време да се рехабилитираат од непосакувани проблеми.

Српскиот тенисер минатата недела направи хируршки зафат на коленото поради скинат менискус, додека најдобриот македонски тенисер денеска информираше дека морал да направи санација на колкот.

Ивановски денеска се огласи преку социјалните мрежи и информираше дека операцијата која му била направена во Минхен била успешна, по што сега ќе цели за што побрзо враќање на терените.

Калин бил опериран од професорот Михаел Диенст, а нашиот тенисер не ја пропушти приликата да му се заблагодари преку социјалните мрежи.

– Сакам да ве информирам дека операцијата на десниот колк помина добро. Сакам да му се заблагодарам на мојот доктор, професорот Мајкл Динст и персоналот кој се грижеше за мене. Ви благодарам за поддршката! Наскоро ќе се вратам посилен на теренот, – порача Калин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalin Ivanovski (@kalin_ivanovskii)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни