Поврзете се со нас

Македонија

Крсманчиќ со прва изјава по трансферот во Вардар: Заеднички ќе се бориме за освојување на титули…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/csurgoikk

Екипата на Вардар 1961 доби нов член и тоа во името на искусниот српски интернационалец Младен Крсманчиќ.

Се работи за среден бек кој ќе треба да ја пополни празнината која настана со заминувањето на Косуке Јасухира во Кувајт.

Тој во скопскиот клуб доаѓа од унгарски Чурго каде настапуваше во претходните неколку сезона, а во досегашната кариера може да се пофали и со настапи во Шпанија и во неколку тимови од неговата земја.

-Потпишувањето на договорoт со Вардар претставува значаен чекор во мојата спортска кариера. Овој клуб со својата богата историја и успехot во освојувањето на ракометната Лига на шампиони за мене го симболизира врвот на професионалниот ракомет.

-Во претстојната сезона очекувам интензивна работа, посветеност и заеднички напор за освојување на нови титули, а особено се радувам на можноста да придонесам за тимот со моето искуство и енергија на теренот, -порача Младен кој со двократниот европски првак потпиша едногодишен договор.

Пред него прволигашот се засили со Томче Стојановски, Мигел Пинто, Ашреф Мергали и Дмитро Горига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни