Поврзете се со нас

Европски првенства

Тирам испрати апел до Французите: Мора да ја промениме тажната реалност

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Маркус Тирам ќе биде еден од голгетерските адути на Франција на ова Европско првенство, но младиот напаѓач на Интер ја искористил последната прес-конференција да испрати и една порака до своите сонародници, која не е поврзана со шампионатот.

Тирам е загрижен поради актуелната политичка ситуација во својата татковина, односно големиот пробив на крајната десница на последните избори за европскиот парламент и најавите за сличен епилог на претстојните парламентарни избори.

– Ситуацијата е многу, многу сериозна.

– Сите во соблекувалната по натпреварот со Канада бевме шокирани кога ги дознавме резултатите од последното гласање.

– Ова е тажната реалност на нашето денешно општество, секој ден на телевиските канали се испраќаат пораки за поддршка на десницата.

– Испраќам апел до сите сонародници да излезат на изборите и да гласаат. Ние како жители на Франција мора да се бориме да спречиме победа на партијата на Ле Пен, – изјавил Тирам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни