Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија со специјално видео објасни зошто го ангажираше Димитриевски

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/valenciacf_en

Валенсија вчера го промовираше Столе Димитриевски во свое прво летно засилување, ангажман за кој „лилјаците“ не исплатија ниту едно евро поради фактот што Македонецот остана слободен агент.

Најдобриот македонски чувар на мрежата реши да ја заврши својата етапа во Рајо Валјекано и да искуси нешто ново во кариерата, а дефинитивно поголем предизвик ќе биде тоа што ќе ги брани боите на шесткратен шпански првак.

Валенсија уште пред неколку месеци го контактираше Столе и тоа го потврди самиот голман на вчерашното прво обраќање како играч на новиот клуб, но повеќе од јасно е дека главна причина за ангажманот е нивото кое го прикажа Димитриевски во најсилната шпанска лига.

Димитриевски е еден од најквалитетните голмани во Ла Лига во последните две-три сезони, а Валенсија сега со специјално видео се обиде да открие зошто го доведе Столе.

На видео компилацијата се прикажани неколку чудесни одбрани на Столе, а една од нив е режирана на „Месталја“, стадион кој ќе биде нов фудбалски дом на Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни