Поврзете се со нас

Лига Европа

Лукман одигра финале за паметење, Аталанта го урна митот за „непобедливиот“ Леверкузен (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Аталанта испиша своја фудбалска историја оваа вечер во Даблин и го освои најважниот трофеј од своето постоење, бидејќи тимот на Џанпјеро Гасперини му одржа лекција на најразиграниот тим во досегашниот дел од сезоната со победа од 3:0.

Баер Леверкузен пристигна во големото финале со серија од 51 натпревар на кој не запиша ниту еден пораз, но овој кој го претрпе вечерва беше навистина тежок, а истовремено и болен.

Вистински херој на финалето во Даблин беше Адемола Лукман, нигерискиот напаѓач кој постигна три гола и кој со својот хет-трик прерасна во човек кој вечно ќе остане во сеќавање меѓу навивачите на Аталанта.

Лукман го отвори резултатот 12-та минута кога го искористи лошото движење на Паласиос, а во 26-та веќе беше 2:0 откако со маестрална соло-бравура го зголеми водството.

Аталанта играше како во транс во првото полувреме и покажа неверојатна глад за победа, нешто што беше потврдено во второто полувреме во кое Лукман со нов мајсторски гол зголеми на 3:0.

Во тој момент стана јасно дека Гасперини ќе го освои првиот трофеј во Аталанта по три порази во големите финалиња, а воедно ова е прва титула за клубот од Бергамо по далечната 1963-та година.

Од друга страна, Чаби Алонсо ќе мора да почека на својот прв трофеј во Европа, но во финалето во германскиот Куп ќе влезе и со прв пораз по неверојатната серија која траеше од крајот на минатата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни