Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш ја надигра Воска во големото финале и го однесе Куп трофејот во Кавадарци

Објавено

на

Уште пред почетокот на натпреварот, беше јасно дека историското финале меѓу Тиквеш и Воска ќе донесе нов шампион во македонскиот фудбал, а по 98 минути игра на „Тодор Проески“, стана познато дека Куп трофејот оваа година патува за Кавадарци.

Тиквеш сосема заслужено стигна до историска титула во најмасовното натпреварување и тоа е прв ваков трофеј за клубот од своето постоење, успех кој беше остварен благодарение на фантастична игра до 70-та минута.

Кавадарчани целосно доминираа уште од самиот старт на мечот и не им дадоа простор за креација на фудбалерите од Охрид, па дури и Срѓан Захариевски не можеше да сфати што се случува со неговиот тим.

Тиквеш можеше да постигна најмалку два гола уште во воведните 30 минути, но по шутот на Спахиу кој заврши во гредата, почна да доаѓаат сериозни налети до крајот на првиот дел.

Тимот на Ѓорѓи Мојсов поведе со мајсторијата од слободен удар на Христијан Стојкоски и стана јасно дека Воска нешто ќе мора да менува во вториот дел, па иако Захариевски внесе тројца нови играчи, доминацијата на Тиквеш продолжи во вториот дел.

Офанзивната на кавадарчани резултираше со втор гол на Луан Силва во 59-та минута, па тоа беше најава за голем успех на Тиквеш, иако завршницата донесе и драма. Грешката на голманот Ренер му овозможи на Шаркоски да намали на 2:1, но во 92-та минута, голманот на Тиквеш прерасна и во херој, бидејќи со одлична интервенција спречи втор гол за Воска и продолженија.

Тиквеш до крајот успеа да се одбрани и заслужено стигна до најголемиот трофеј во својата историја, а тоа е гаранција за жешко лето бидејќи кавадарчани ќе бидат дел од европските квалификации во Конференциската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни