Поврзете се со нас

Македонија

Мојсов по историската титула: Ветен ни е двојно поголем буџет за следната сезона!

Објавено

на

Тиквеш оваа вечер испиша своја фудбалска историја и првпат го освои трофејот во Купот, а тренерот Ѓорѓи Мојсов го оствари она што го вети во најавите за големото финале во Скопје.

Тренерот на кавадарчани беше убеден дека Куп трофејот за првпат ќе биде однесен во тиквешијата, па со изданието во финалето, неговиот тим апсолутно заслужено стигна до таков успех.

Тиквеш славеше со 2:1 и си загарантира жешко европско лето, а со самото тоа растат и амбициите кај раководството кое ветило двојно поголем буџет за следната натпреварувачка сезона.

– Ова го кажав уште пред да дојдеме тука, го кажувам и сега. Од почетокот го посакувавме Куп трофејот и сега ќе го носме во Кавадарци. Денеска им кажав јасна порака на своите момци. Им порачав дека цела година играме напаѓачки фудбал и со офанзивен пристап стигнавме до трофејот. Ова не доаѓа преку ноќ, ние цела сезона играме напаѓачи и знаеме дека можеме да победиме секого.

– Ова е најголем трофеј во нашата историја, но нема да застанеме тука. Сезонава завршивме како четврти во лигата, но ако го задржиме составот, можеме и повисоко. Оваа екипа е спој на младост и искуство, бевме апсолутно мотивирани и не им дозволивме да играат. Пред натпреварот, добивме и важно ветување од раководството. Беше ветено дека ќе добиеме двојно поголем буџет ако победиме во финалето, – изјави тренерот Ѓорѓи Мојсов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни