Поврзете се со нас

Англија

Ѕола изненаден од изборот на Челси: Очекував поискусен тренер од Мареска

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Џанфранко Ѕола му честитал на својот сонародник Енцо Мареска за шансата која ја доби од раководството на Челси, но не е убеден дека раководството постапило исправно по заминувањето на Маурисио Покетино.

Поранешниот играч на лондонските „сини“ го критикувал менаџментот поради изборот за менаџерската позиција и тоа јавно го сподели на социјалните мрежи.

– Мареска го очекува многу тешка работа и ќе биде добро да ги има фудбалерите и навивачите зад себе.

– Видов како игра Лестер и бев импресиониран, ги знам неговите квалитети, а плус се работи за Италијанец.

– Бев изненаден со назначувањето. Прво, не мислев дека Покетино ќе замине, а сега очекувавме многу поискусен тренер. Главна амбиција на Челси е место кое води во ЛШ и сите ќе бидат задоволни ако успее да обезбеди такво нешто, – вели Ѕола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни