Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија и Меси режираа фудбалска магија во најавата за Копа Америка (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Аргентина ќе влезе на новиот турнир на Копа Америка како актуелен јужноамерикански и светски шампион, па јасно е дека „гаучосите“ ќе имаат дополнителен притисок во обидот да го оправдаат таквиот статус.

Лео Меси одмораше на мечот со Еквадор во првиот дел и доби шанса како резерва, но сепак во генералката за Копа Америка ги зема работите во свои раце и испорача два гола и асистенција во победата над Гватемала.

Аргентинците беа шокирани во раната фаза на мечот и аутсајдерот поведе со 1:0, но брзо следеше голема грешка и подарок за Меси кој на празна мрежа израмни на 1:1.

Капитенот на Аргентина од овој момент почна да везе на теренот, па до крајот еднаш го погоди дирекот, асистираше до Лаутаро Мартинез, а ги постави и конечните 4:1 со втор гол.

Овој погодок беше убедливо најатрактивниот на мечот, бидејќи Меси и Ди Марија изведоа фудбалска минијатура, која беше зачинета со шмекерска завршница на капитенот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни