Поврзете се со нас

Европски првенства

Јамал ќе биде стартер за Шпанија и постави нов рекорд во историјата на ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Шпанија денеска ќе го отвори настапот на Европското првенство со дерби пресметка со Хрватска, а селекторот Де ла Фуенте одлучи во првиот тим да биде Ламин Јамал.

Големата тинејџерска ѕвезда на Барселона ја доби довербата на шпанскиот селектор за денешната средба, а со тоа ќе постави и нов апсолутен рекорд во историјата на европските првенства.

Јамал ќе биде стартер со 16 години и 338 дена, со што ќе стане најмлад фудбалер кој забележал настап на едно европско првенство.

Досегашен рекордер беше полскиот фудбалер Кацпер Козловски, кој на претходното ЕП настапи со 17 години и 246 дена.

Шпанија: Симон, Карвахал, Ле Норманд, Начо, Кукурелја, Родри, Фабијан, Педри, Јамал, Вилијамс, Мората.

Хрватска: Ливаковиќ, Станишиќ, Шутало, Понграчиќ, Гвардиол, Брозовиќ, Ковачиќ, Модриќ, Мајер, Крамариќ, Будимир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни