Поврзете се со нас

Европски првенства

Маестро во акција: Крос го заврши дуелот со Шкотска со ефект за историја

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос не можеше повеќе да ги израдува германските фанови од носењето на одлуката да се врати во националниот тим и да му помогне на Европското првенство кое Германците денеска го започнаа со убедлива победа над Шкотска.

Домаќинот издоминира за конечни 5:1, а на теренот темпо диктираше токму Крос, за кого ова е и последен фудбалски турнир на кој ќе настапува пред крајот на кариерата.

Вредните статистичари на „ОПТА“ пресметаа дека Крос во првото полувреме упатил 55 додавања и сите 55 биле успешни, а натпреварот го завршил со ефект од 101 успешно додавање од 102 вкупни додавања на целиот натпревар.

Според „ОПТА“, ова е најдобар ефект во историјата за фудбалер кој имал над 100 додавања на натпревар од ЕП уште од 1980 година, односно откако се води ваква статистика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни