Поврзете се со нас

Свет

Костески најдобар поединец, Плзен доживеа болен пораз

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Талент Плзен на Никола Костески доживеа болен пораз од Карвина од 27:26 во третиот меч од финалната плејоф серија во Чешка.

Се водеше голема борба низ сите 60 минути, борба за секоја топка за да на крајот одлучувачки биде голот на Доминик Солак на три секунди до крајот. Со овој погодок гостите дојдоа до голем триумф и сега водат со 2-1 во серијата.

Македонскиот репрезентативец Костески блескаше кај домаќините и беше далеку најдобар поединец со шест гола, меѓутоа немаше соодветна поддршка за да Плзен го одбрани својот терен.

Наредната средба е закажана за 25 мај, а домаќин ќе биде тимот на Карвина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни