Поврзете се со нас

Европски првенства

Швајцарија ја надигра Унгарија за прва победа на ЕП (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nati_sfv_asf

Швајцарија ја победи Унгарија со 3:1 и на најдобар можен начин го отвори Европското првенство во Германија.

Избраниците на Мурат Јакин имаа одличен почеток на дуелот во Келн и во 12. минута го отворија резултатот преку Дуа, а својата доминација ја крунисаа со втор гол пред крајот на првиот дел.

Асистентот на првиот гол, Ебишер, реализираше со удар од дваесетина метри во 45. минута и донесе предност која се покажа како доволна за Швајцарците.

Унгарија во продолжението успеа да намали преку Варга (66. минута), но немаше големи шанси да стигне до израмнување. Во судиското надополнување, Швајцарија искористи една транзиција за да стави точка на неизвесноста и со голот на Емболо ги постави конечните 3:1.

Швајцарија и Германија ќе имаат по три бода по првото коло во оваа група, додека Унгарија и Шкотска допрва ќе се борат за својот прв бод на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни