Поврзете се со нас

Европски првенства

Кин го подбра Робертсон по тешкиот пораз на Шкотска: Кога некој се однесува вака…

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Фудбалската репрезентација на Шкотска го отвори Европското првенство со убедлив пораз од Германија, па иако конечниот епилог не е големо изненадување, избраниците на Стив Кларк заработија многу критики поради начинот на кој одиграа на премиерата на турнирот.

Шкотските репрезентативци немаа директен удар кон голот на Нојер и единствениот гол го постигнаа благодарение на Ридигер, а фановите беа лути поради конфузијата во моментите кога ја имаа топката во посед и немоќта да поврзат неколку додавања без да направат грешка.

Ирската легенда Рој Кин и овојпат во улога на стручен коментатор решил да испорача свое мислење за настапот на Шкотска, а критиките ги насочил директно кон капитенот Енди Робертсон, со кого и во минатото имаше вербални битки и во една прилика го нарече „големо бебе“.

– Робертсон зборуваше по крајот на натпреварот и рече дека Шкотска имала план.

– Тоа е супер, но исто така рече дека не биле доволно агресивни. Не можеш да си дозволиш да не бидеш агресивен против репрезентација која е многу поквалитетна. Агресивноста е карактеристика која мора да ја поседува секој фудбалер.

– Кога играте против селекција како Германија, мора да удриш по противникот и тоа да го направиш цврсто. Ако излезеш на терен и се однесуваш како Шкотланѓаните, тогаш е смешно да кажеш дека си имал план. Пред натпреварот велеа дека ќе креираат историја, точно е, креираа историја за тоа колку лошо може некој да одигра и како може да се изневерат селекторот и фановите.

– Да појаснам, стартот за пеналот не беше агресивност, туку лудост, – дополнил Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни